публика
мн. публики
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 952
1.
Собир на луѓе што присуствуваат на некаков настан како гледачи или слушатели.
Примери:
Театарска публика.
Публиката долго ракоплескаше на крајот од претставата.
2.
Собир на луѓе со заеднички интереси или сличен вкус.
Примери:
Публиката го прифати новиот филм.
3.
Луѓе што се информирани за определени слушувања од општествениот живот, од настаните во културата; јавно мислење.
Англиски:
public opinion
Албански:
opinion publik
Читачката публика реагираше на најновите настани во издаваштвото.