reconnoiter - онтологија

извидник повеќе

мн. извидници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши извидување на терен, на непријателски позиции и сл.
Албански: zbulues
Употреба: Воен термин
Примери:
Извидникот јави дека нема непријателска војска на патот.

извидувач повеќе

мн. извидувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши извидување на терен, на непријателски позиции и сл.
Употреба: Воен термин
Примери:
Тројца извидувачи се движеа скришно низ шумата крај патот.

разузнава повеќе

Види и: разузнае (св.)
разузнаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собире податоци за положбата, силите, тајните на непријателот.
Албански: kundërzbuloj
Употреба: Воен термин
Примери:
Тој мораше постојано да разузнава што готви непријателот.

разузнавање повеќе

Види и: разузнава (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Собирање податоци, особено доверливи, за положбата, силите, тајните на непријателот, за намерите на конкурентот, партнерите и сл.
Албански: kundërzbulim
Примери:
Агенција за разузнавање.

разузнавач повеќе

мн. разузнавачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на разузнавање.
Албански: informator, spiun
Употреба: Воен термин
Примери:
Разузнавачите доставија податоци.

разузнае повеќе

разузнаат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере податоци за положбата, силите, тајните на непријателот.
Албански: kundërzbulon, spiunon
Употреба: Воен термин
Примери:
Го пратија него да разузнае што станува таму.

рекогносцира повеќе

рекогносцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извиди, извидува месност.
Албански: njoh terrenin, inspektoj
Употреба: Воен термин
Во геодезијата - претходно извиди, извидува месност заради почнување на работи.
Албански: inspektoj terrenin
Употреба: Географија

сондажа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
извидување, разузнавање, испробување
Албански: sondazh, hetim
Употреба: Преносно значење