renegade - онтологија

вероотстапник повеќе

мн. вероотстапници
Вид збор: Именка, машки род
Отпадник од верата; лице што се одрекло од верата.
Употреба: Религија
Примери:
Веровит е патот што го изоди дотука и за вероотстапник него не го бива.

отпадник повеќе

мн. отпадници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што отпаднал, се одделил од некоја група.
Албански: renegat, tradhëtar
Употреба: Политика
Примери:
Тој е прогласен за отпадник, фракционер.

отстапник повеќе

мн. отстапници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ги напуштил своите погледи, убедувања, идеи и сл.
Албански: renegat
Примери:
Отстапник од марксизмот.
Тој што се откажал од својата вера.
Албански: renegat
Употреба: Религија

отстапница повеќе

мн. отстапници
Вид збор: Именка, женски род
Жена отстапник.
Албански: renegate
Примери:
Таа е отстапница од верата.

ренегат повеќе

мн. ренегати
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги изменил своите убедувања и минал во противничкиот табор.
Употреба: Политика

ренегатка повеќе

мн. ренегатки
Вид збор: Именка, женски род
За жена ренегат.
Употреба: Политика