reside - онтологија

живее повеќе

живеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Го поминува животот некаде, на некое место.
Албански: banon
Примери:
Ескимите живеат на Северниот Пол.

отседне повеќе

отседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Преседи, се смести за определено време во хотел, во стан кај некого, најде привремено сместување.
Употреба: Туризам
Примери:
Тој отседна во новиот хотел.

престои повеќе

престојат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане, се задржи некаде определено време.
Албански: qëndroj, banoj
Употреба: Ретко
Примери:
Колку време престои кај нив во село?

седи повеќе

седат
Вид збор: Глагол, несвршен
престојува, живее
Употреба: Разговорно
Примери:
Јас седам сега в град.