round - онтологија

валчест повеќе

валчестиот
Вид збор: Придавка
Што има издолжено тркалезна форма, тркалест.
Примери:
А тој беше бумбарест, со бело валчесто лице.

визита повеќе

мн. визити
Вид збор: Именка, женски род
Редовна лекарска посета во болнички услови.
Албански: vizitë
Употреба: Медицина
Примери:
На попладневната визита докторот ми ја одреди терапијата.

заобли повеќе

заоблат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде обло.
Албански: bën rrumbullakët
Примери:
Краевите на масата убаво ги заобли.
(се заобли) Се здебели, добие облини.
Албански: trashet,bëhet rrumbullak
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Се заоблил повеќе отколку што треба.

коло повеќе

мн. кола
Вид збор: Именка, среден род
Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, литературни дела од ист издавач што се издаваат во одредени временски интервали, серија.
Примери:
Прво коло на библиотека.
Низа од натпревари во разни спортски дисциплини кои се повторуваат во одредени периоди.
Употреба: Спорт
Примери:
Во првото коло од натпреварите победи нашиот тим.
Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, во разни игри на среќа, лотарија, спортска прогноза и сл.
Примери:
Во второто коло се продадоа повеќе лозови.

колце повеќе

мн. колца
Вид збор: Именка, среден род
коло
Албански: valle
Употреба: Деминутив

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Кружна линија или патека на некого или на нешто.
Албански: rreth
Примери:
Авионот направи неколку круга над градот.

кругол повеќе

круглиот
Вид збор: Придавка
Што има облик на круг, што е како круг.
Примери:
Кругли плочки.

кружен повеќе

кружни
Вид збор: Придавка
Што има облик на круг.
Албански: i rrumbullakët
Примери:
Ископа кружна дупка за да се собира водата.

обиколка повеќе

мн. обиколки
Вид збор: Именка, женски род
Обиколување на нешто, поминување околу нешто.
Албански: ec rreth e përqark
Примери:
Направив една обиколка околу градот.

подзаоблен повеќе

подзаоблениот
Вид збор: Придавка
Што е заоблен малку, во некоја мера.
Примери:
подзаоблени врвови

подзаобли повеќе

подзаоблат
Вид збор: Глагол, свршен
Заобли малку, во некоја мера, донекаде.
Примери:
Крајчињата ги подзаобли малку и ги свитка нанадвор.
(се подзаобли) Стане заоблен.
Примери:
Таа се подзаоблила малку.

рунда повеќе

мн. рунди
Вид збор: Именка, женски род
Во боксот или во спортски натпревар определено време или фаза од борбата.
Албански: raund
Употреба: Спорт
Примери:
Нокаут во првата рунда.
Порачка на пијалак за сите на масата.
Албански: raund, cikël
Употреба: Гастрономија
Примери:
рунда пиво