round - онтологија

визита повеќе

мн. визити
Вид збор: Именка, женски род
Редовна лекарска посета во болнички услови.
Албански: vizitë
Употреба: Медицина
Примери:
На попладневната визита докторот ми ја одреди терапијата.

коло повеќе

мн. кола
Вид збор: Именка, среден род
Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, литературни дела од ист издавач што се издаваат во одредени временски интервали, серија.
Примери:
Прво коло на библиотека.
Низа од натпревари во разни спортски дисциплини кои се повторуваат во одредени периоди.
Употреба: Спорт
Примери:
Во првото коло од натпреварите победи нашиот тим.
Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, во разни игри на среќа, лотарија, спортска прогноза и сл.
Примери:
Во второто коло се продадоа повеќе лозови.

колце повеќе

мн. колца
Вид збор: Именка, среден род
коло
Албански: valle
Употреба: Деминутив

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Кружна линија или патека на некого или на нешто.
Албански: rreth
Примери:
Авионот направи неколку круга над градот.

обиколка повеќе

мн. обиколки
Вид збор: Именка, женски род
Обиколување на нешто, поминување околу нешто.
Албански: ec rreth e përqark
Примери:
Направив една обиколка околу градот.

рунда повеќе

мн. рунди
Вид збор: Именка, женски род
Во боксот или во спортски натпревар определено време или фаза од борбата.
Албански: raund
Употреба: Спорт
Примери:
Нокаут во првата рунда.
Порачка на пијалак за сите на масата.
Албански: raund, cikël
Употреба: Гастрономија
Примери:
рунда пиво