run - онтологија

бодина повеќе

бодинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трча силно.
Албански: vrapon shpejt
Примери:
Коњот бодинаше како луња.

врвеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
чекорење, одење
Албански: ecje
Примери:
Си отиде со оној нејзин лесен врвеж.

врви повеќе

врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде.
Српски: ходати Албански: ecë Бугарски: вървя
Примери:
Секој ден врви оттаму.
Се протега, минува, води некаде (за пат, сообраќајна врска).
Албански: ecë
Примери:
Патот врви низ селото.
За време, за живот - поминува, тече.
Албански: kalon
Примери:
Времето си врви без да го сетиш.

втрча повеќе

втрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотрча, влезе со трчање.
Примери:
Децата први втрчаа.

грабадина повеќе

грабадинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
трча
Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Тројката сложно грабадинаше по патот.

дотрча повеќе

дотрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне со трчање; стигне брзо.
Албански: arrij duke ngar
Примери:
Дотрчав до хотелот.
Престане да трча.
Албански: ndalon vrapimin
Примери:
Дотрчав, повеќе не можам.

забега повеќе

забегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бега.
Албански: ik
Примери:
Се отфрли на колена и забега надолу по улицата.
Избега, пребега.
Албански: ik
Примери:
Сакаше да забега и да се скрие некаде.

заграбадина повеќе

Види и: грабадина (несв.)
заграбадинаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да грабадина.
Примери:
Тој заграбадина по патот.

заточи повеќе

заточат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заточи) Се движи без прекин, долго време.
Албански: rjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се заточија војски по планината.

зацепи повеќе

Види и: цепи (несв.)
зацепат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, фати насока.
Албански: niset në një drejtim
Употреба: Разговорно
Примери:
Детето зацепи се во еден правец.

изнатрча повеќе

Види и: натрча (св.)
изнатрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрча во голем број, наеднаш.
Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Од сите страни изнатрчаа луѓе да го гасат пожарот.

истрча повеќе

Види и: трча (несв.)
истрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине определено растојание со трчање.
Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Истрча пет километри без да застане.
Излезе некаде со трчање.
Албански: dal shpejt
Примери:
Истрча на улица, но тие веќе заминале.
(се истрча) Се раздвижи со трчање, потроши вишок енергија.
Албански: vrapoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата играа фудбал, добро се истрчаа и вечерта брзо испозаспаа.

јури повеќе

јурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу брзо се движи, трча, бега.
Примери:
Возот јуреше во непознат правец.

кандидира повеќе

кандидираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се кандидира) Истакне, истакнува, предложи, предлага своја кандидатура.
Албански: kandidohem
Примери:
Тој нема право да се кандидира за директор.

натрча повеќе

Види и: трча (несв.)
натрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
За множество - со трчање стигне, се насобере.
Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Натрчаа да видат што има.
Во фудбалот - се стрча кон топката.
Албански: vrapoj
(се натрча) Со трчање си стигне.
Албански: vrapoj
(се натрча) Со трчање се задоволи, помине долго време во трчање.
Албански: vrapoj mjaftueshëm

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За механизам - работи, се движи вршејќи ја специфичната функција.
Албански: shkon, ecë
Примери:
Ѕидниот часовник оди малку напред.
се протега, се простира
Албански: shtrihet
Примери:
Патот оди покрај реката.
За работа, за нешто што се прави, што се случува.
Албански: shkon
Примери:
Нему добро му оди трговијата.

позатрча повеќе

Види и: затрча (св.)
(се) позатрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се затрча повеќе, уште повеќе.
Примери:
Тој се позатрча со сета своја сила.
Се затрча, се истрча, направи нешто премногу бргу без да размисли.
Примери:
Веднаш се позатрча да каже нешто.

порастрча повеќе

Види и: растрча (св.)
(се) порастрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се растрча малку, донекаде.
Примери:
Таа ги пушти во паркот да се порастрчаат.

потрча повеќе

потрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Трча малку, кратко време.
Албански: ngas, vrapoj
Примери:
Атлетичарот потрча малку, па застана да се одмори.
Забрзано се упати негде.
Албански: vrapoj
Примери:
Потрчаа по автобусот.
Побрза да направи нешто.
Албански: vrapoj, shpejtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите потрчаа да го спасат.

претрча повеќе

Види и: трча (несв.)
претрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине определено растојание со трчање.
Албански: vrapoj shkurt
Примери:
Претрча двесте метри за триесет секунди.
Отиде до некаде.
Албански: vrapoj shkurt
Примери:
Претрча до до родителите пред да патува.

разоди повеќе

(се) разодат
Вид збор: Глагол, свршен
За машина, процес - почне добро да работи.
Албански: filloj të punoj, nis
Примери:
Се разоди машината.

растрча повеќе

Види и: трча (несв.)
растрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да се растрча.
Албански: bën të vrapoj
Примери:
Успеа да ме растрча.
(се растрча) Почне силно да трча во разни правци.
Албански: vrapoj shpejt
Примери:
Ќе се растрча, ако е дебел.
(се растрча) Почне да трча на разни места по работа.
Албански: vrapon kahmos
Примери:
Се растрчаа и свршија работа.

стрча повеќе

Види и: трча (несв.)
стрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне со трчање.
Албански: nxitoj, vrapoj
Примери:
Кога го видоа автобусот, стрчаа сите.
(се стрча) Веднаш дотрча.
Албански: vrapoj, nxitoj
Примери:
Се стрчаа децата.

тече повеќе

течат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта течност да тече; излегува течност од нешто.
Албански: rrjedh
Примери:
Чешмата не тече веќе, ја поправиле.
За интерес - расте.
Албански: rrjedh, shkon, ecë
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Интересот ви тече од почетокот на годината.

точка повеќе

Види и: точи (несв.)
(се) точкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Минува во мноштво, се ниже, тече.
Албански: rrjedh

трк повеќе

Вид збор: Именка, машки род
трчање
Примери:
Ајде, трк!

тркне повеќе

тркнат
Вид збор: Глагол, свршен
потрча, отрча
Примери:
Ајде, тркни докај него.

тркнува повеќе

Види и: тркне (св.)
тркнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
тркне

трча повеќе

трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди многу брзо со посебен чекор.
Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Трчав цел час.
Оди, разодува по различни установи, луѓе за да сврши, да среди некоја работа.
Албански: ngaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел ден трчам по канцеларии и уште не сум ја свршил работата.

трчаница повеќе

мн. трчаници
Вид збор: Именка, женски род
трчање
Примери:
Со трчаница отиде да го пречека својот учител.

трчка повеќе

Види и: трча (несв.)
трчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
трча
Употреба: Деминутив