sacrifice - онтологија

даде повеќе

дадам
Вид збор: Глагол, свршен
жртвува
Албански: sakrifikon
Примери:
Го даде својот живот за татковината.

жртва повеќе

мн. жртви
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост.
Албански: sakrificë
Употреба: Религија
Примери:
Новата жртва ја водат кон жртвеникот.
Доброволно откажување, несебично давање, саможртвување.
Албански: sakrificë
Примери:
свесна жртва

жртвува повеќе

жртвуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Принесе, принесува жртва на божество.
Албански: sakrifikon, flijon
Примери:
На празникот треба да жртвуваш едно јагне.
Изложи, изложува нешто или некого на уништување, на пропаѓање заради или поради некого или нешто.
Албански: sakrifikon, flijon
Примери:
Тој го жртвуваше семејството заради твојата љубов.
Несебично дава, дарува, посветува.
Албански: sakrifikon
Примери:
Жртвуваа огромен капитал за да ја спасат татковината.
(се жртвува) Се лишува, се откажува од нешто.
Албански: sakrifikon
Примери:
Родителите се жртвуваа за децата, а децата за идејата.

заложи повеќе

заложат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, направи жртва, жртвува нешто.
Албански: sakrifikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го заложи својот млад живот.

курбан повеќе

мн. курбани
Вид збор: Именка, машки род
жртва воопшто
Албански: kurban
Примери:
Приготвените јадења се раздавале за курбан.

пожртвува повеќе

Види и: жртвува (несв.)
пожртвуваат
Вид збор: Глагол, свршен
жртвува
Албански: sakrifikoj
(се пожртвува) се жртвува
Албански: sakrifikohem

прегор повеќе

мн. прегори
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Пожртвуваност, жртвување во име на другите.
Албански: sakrific, flijim
Употреба: Преносно значење
Примери:
свесен прегор