самопрегор
(едн.) самопрегорот
Вид збор: Именка, машки род
1.
Готовност да се жртвува себеси за доброто на други, за општо добро.
Примери:
Со каков самопрегор стапи во борбата.
2.
Заборавање себеси, своите интереси од името на нешто.
Примери:
Предаден со самопрегор на своите испитувања.