sailor - онтологија

бродар повеќе

мн. бродари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи со бродови, на кој му е струка бродарството.
Употреба: Транспорт
Примери:
Од четиристотини бродари, во трпезаријата беа на ручек педесетина.

гемиџија повеќе

мн. гемиџии
Вид збор: Именка, машки род
лаѓар, бродар
Турски: gemici Албански: gjemixhi, detarë
Употреба: Архаизам , Транспорт
Примери:
Работеше како гемиџија.

маринец повеќе

мн. маринци
Вид збор: Именка, машки род
морнар
Албански: marinar, detar
Употреба: Разговорно

морнар повеќе

мн. морнари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што служи во морнарица или на брод.
Примери:
кралски морнари

морнарче повеќе

Види и: морнар (м.)
мн. морнарчиња
Вид збор: Именка, среден род
морнар
Примери:
Некои морнарчиња нудеа чај.

пловец повеќе

мн. пловци
Вид збор: Именка, машки род
Оној што плови на пловен објект.

поморец повеќе

мн. поморци
Вид збор: Именка, машки род
морнар