Транспорт - категорија

багажник повеќе

мн. багажници
Вид збор: Именка, машки род
Место или направа за багаж на превозно средство (на велосипед, во автомобил).
Англиски: trunk Албански: portbagazh

банкина повеќе

мн. банкини
Вид збор: Именка, женски род
Пешачка патека, дел од пат крај коловозот за движење на пешаци.
Англиски: roadside Албански: buzë rruge

бензин повеќе

мн. бензини
Вид збор: Именка, машки род
Течен, безбоен нафтен дериват што се употребува како погонско гориво.
Англиски: gasoline
Примери:
Цистерни со бензин.

билет повеќе

мн. билети
Вид збор: Именка, машки род
Карта за превоз.
Англиски: ticket Француски: billet Албански: biletë
Примери:
Резервира билет за Канада.

бординг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Качување на авион или брод.
Англиски: boarding
Примери:
карта за бординг

брод повеќе

мн. бродови
Вид збор: Именка, машки род
Превозно средство што се движи по вода.
Англиски: ship Албански: anije
Примери:
товарен брод

бродар повеќе

мн. бродари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи со бродови, на кој му е струка бродарството.
Англиски: skipper
Примери:
Од четиристотини бродари, во трпезаријата беа на ручек педесетина.

бродарење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Патување со брод.
Англиски: cruise Албански: lundrim me anije
Вештина на управување со брод.
Англиски: navigation Албански: navigim, drejtim me anije

бродарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Такса што се наплатува за бродови или јахти при користење на пристаништето.
Англиски: landing fee
Примери:
Најскапата бродарина досега беше платена во 2010 година, кога норвешкиот луксузен крстосувач „Бисер“ мораше да даде 375 600 долари за користење на преминот.

бродарство повеќе

бродарството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска дејност што се занимава со производство и трговија со бродови.
Англиски: shipping Албански: detari, lundrim
Примери:
Таму е развиено бродарството.

бродски повеќе

Види и: брод (м.)
бродскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со брод.
Примери:
бродска кабина
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш