slap - онтологија

доплеска повеќе

доплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плеска, исплеска до крај.
Примери:
Го доплеска месото и го стави на скарата.

залепи повеќе

залепат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му...) залепи, удри шлаканица некому.
Албански: ngjis, rras
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му залепи шлаканица на детето.

зауши повеќе

заушат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри шлаканица.
Албански: shuplakë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Му зауши две-три на момчето и го однесе дома.

зашлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
зашлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да удира шлаканици.
Албански: shuplakë
Примери:
Таткото го зашлака детето.
(се зашлака) Почне да се удира со раце себеси.
Албански: qëlloj
Примери:
Се зашлака по палтото и по панталоните за да си го истресе правот.

исшлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
исшлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истепа со шлакање.
Албански: shpullat
Примери:
Го исшлака детето за ништо.

исшлапа повеќе

исшлапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Шлапне некого повеќепати.
Албански: shapullit
Примери:
Ја исшлапаа по лицето за да ја освестат.
исшлака
Албански: llapashit
Употреба: Разговорно

лепне повеќе

лепнат
Вид збор: Глагол, свршен
плесне, удри
Албански: godas, mëshoj
Примери:
Му лепна една шлаканица.

наплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
наплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измава со шлаканици.
Албански: rrah me shuplakë, shapullit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го наплеска детето.

наплуска повеќе

(се) наплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
наплеска
Албански: shtypem
Употреба: Дијалектен збор

нашлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
нашлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри повеќе шлаканици некому, натепа некого со шлаканици.
Албански: shpullat
Примери:
Ако ме фати, ќе ме нашлака.

пласне повеќе

пласнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри со отворена дланка.
Албански: shuplakë
Примери:
Му пласнал некоја шлаканица.

плеска повеќе

плескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира шлаканици, тепа некого предизвикувајќи плесок.
Албански: shuplakë
Примери:
Секогаш кога ќе стори нешто лошо, таа силно го плеска детето со шлаканици по лицето.
(се плеска) Се удира по дел од телото (образи и сл.)
Албански: shuplakë
Примери:
Девојчето се плескаше по образите за да зацрвенат.

плесне повеќе

плесна
Вид збор: Глагол, свршен
Удри предизвикувајќи плесок.
Албански: qëlloj, godas
Примери:
Го плесна силно детето по тилот.
Јавно искаже нешто со револт и директно.
Албански: thot troç
Употреба: Пејоратив , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ѝ плесна на директорката полно работи в лице.
(се плесне) Се удри по дел од телото.
Албански: godas, shkllapit
Примери:
Кога виде што сторил, тој се плесна силно по челото.

плесница повеќе

мн. плесници
Вид збор: Именка, женски род
шлаканица

плеснува повеќе

Види и: плесне (св.)
(се) плеснуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
плесне
Примери:
Со едно плеснување на рацете.

плусне повеќе

плуснат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) плесне
Албански: mëshoj, godas, shllapis
Употреба: Народно , Преносно значење
Примери:
Му плусна една (шлаканица).
(се плусне) се плесне
Албански: përplasem

пооплеска повеќе

Види и: оплеска (св.)
пооплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Оплеска малку, донекаде.
(се пооплеска) Се оплеска малку, донекаде.

попласка повеќе

попласкаат
Вид збор: Глагол, свршен
поплеска
Употреба: Ретко

поплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
поплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плеска малку, некое време.
Примери:
Го поплеска малку по лицето за да го разбуди.
Истенчи нешто малку со удирање.
Примери:
Тестото го поплеска со рацете на масата.
(се поплеска) Се плеска малку, некое време.
Примери:
Се поплеска по лицето со лута ракија.

пошлака повеќе

пошлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плеска, плуска малку со рацете.
(се пошлака) Се шлака малку, некое време.

прилепи повеќе

прилепат
Вид збор: Глагол, свршен
залепи, удри
Албански: ngjis
Примери:
Сакав да му прилепам една шлаканица, но се воздржав.

трешница повеќе

мн. трешници
Вид збор: Именка, женски род
шлаканица
Албански: flakareshë, shuplakë
Примери:
Удри им на сите по една трешница.

флисне повеќе

Види и: фрасне (св.)
флиснат
Вид збор: Глагол, свршен
удира, фраска
Примери:
Му флисна една шлаканица.

шамар повеќе

мн. шамари
Вид збор: Именка, машки род
шлаканица
Турски: şamar
Употреба: Дијалектен збор

шамари повеќе

шамарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира шамари, тепа со шлаканици.
Употреба: Дијалектен збор

шлак повеќе

Вид збор: Извик
за шлакање

шлака повеќе

шлакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира шлаканица.
Албански: shpull
Примери:
Престани да го шлакаш.
(се шлака) Се удира со дланката по себе.
Албански: flakëroj
Примери:
Џабе се шлакаш, било што било.
(се шлака) Си удира шлаканица себе си.
Албански: shpull
Примери:
Престани да се шлакаш, не си ти виновен.

шлаканица повеќе

мн. шлаканици
Вид збор: Именка, женски род
Удар со дланка по образ.
Примери:
Му удри (врза, залепи, плесна, тресна, шлакна) шлаканица.

шлакне повеќе

шлакнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се шлакне) Си удира шлаканица себе си.
Албански: shpull
Примери:
Доста се шлакнеше по образите.

шлакнува повеќе

(се) шлакнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) шлакне

шлапне повеќе

шлапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри со дланка, со нешто плоско, шлакне.
Албански: shuplakë