залепи
залепат; залепил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2750
1.
Спои, состави нешто со лепење.
Примери:
Таа ги залепи сликите во албумот.
Тој фати светулка и со рака ја залепи на челото.
Слично со:
спои (св.)
2.
Сосема приближи, допре дел од телото до некого или до нешто.
Примери:
Детето го залепи лицето на стаклото.
Слично со:
допре (св.)
3.
Ми (ти, му...) залепи, удри шлаканица некому.
Примери:
Му залепи шлаканица на детето.
Слично со:
удри (св.)
4.
(се залепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Англиски:
stick
Албански:
ngjis, bashkoj
Калта се залепи за тркалата на колата.
Неколку пијавици му се залепиле за нозете.
5.
(се залепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Примери:
Се залепи до ѕидот од куќата.
Шамијата ѝ се залепила за косата.
Слично со:
припои (св.)
Изрази
Плукни залепи - направи нешто како било, набрзина.
Изведенки
1.
залепува несв.
(се) залепуваат
(се) залепуваат
2.
залепување ср.
глаг. им.
глаг. им.