stable - онтологија

аор повеќе

мн. аори
Вид збор: Именка, машки род
штала, потон
Турски: ahır
Употреба: Архаизам
Примери:
На тимот на Работнички аор е Општина Центар.

ар повеќе

мн. ари
Вид збор: Именка, машки род
Просторија за коњи и говеда, обор, штала.
Примери:
Ги поведе коњите кон арот.

коњарница повеќе

Види и: коњушница (ж.)
мн. коњарници
Вид збор: Именка, женски род
коњушница

коњушница повеќе

мн. коњушници
Вид збор: Именка, женски род
штала за коњи

кошара повеќе

мн. кошари
Вид збор: Именка, женски род
Просторија чии ѕидови се од праќе облепени со кал за чување добиток.
Албански: koshare
Употреба: Земјоделство
Примери:
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
Просторија за чување добиточна храна.
Албански: ahur
Употреба: Земјоделство
Примери:
Кошарата му е полна со ланска пченка.

кошарка повеќе

мн. кошарки
Вид збор: Именка, женски род
кошара
Албански: ahur
Употреба: Деминутив , Земјоделство
Примери:
Чифлички кошарки.

обор повеќе

мн. обори
Вид збор: Именка, машки род
Заграден, непокриен простор во кој се чува крупен добиток.
Примери:
Ги пушти говедата од оборот.

стаја повеќе

мн. стаи
Вид збор: Именка, женски род
коњушница
Албански: stallë, ahur
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го воведе коњот во стајата.

тавла повеќе

Вид збор: Именка, женски род
коњушница
Турски: tavla
Употреба: Архаизам , Земјоделство

штала повеќе

мн. штали
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, куќарка за добиток.
Германски: Stall Албански: stallë, ahur
Употреба: Земјоделство
Примери:
На тоа место некогаш постоела штала во која богаташите ги чувале своите коњи.