stack - онтологија

бала повеќе

мн. бали
Вид збор: Именка, женски род
Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно.
Примери:
Спакува се во една бала и се врати во селото.

бале повеќе

мн. балиња
Вид збор: Именка, среден род
бала
Албански: deng, vandak
Примери:
На таванските греди висеа балиња сув тутун.

карма повеќе

(едн.) кармата
Вид збор: Именка, женски род
(мн. карми) наредени дрва
Албански: dru të rradhitur
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Порано мажите одеа в планина, сечеа дрва и ги редеа на карма.

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Определен број билети, фактури, формулари и сл. што се врзани на едниот крај.
Турски: koçan Албански: koçan, tufë
Примери:
Го опна кочанот на колената и запиша.

наслага повеќе

мн. наслаги
Вид збор: Именка, женски род
Наталожен материјал во вид на слој, на пласт.
Албански: stivim, llurbë, fundrinë
Примери:
На месото се јавуваат бели наслаги, кои лесно се отстрануваат со влажна крпа.

слога повеќе

(едн.) слогата
Вид збор: Именка, женски род
Наредени дрва покрај ѕид.
Албански: grumbull

штангла повеќе

мн. штангли
Вид збор: Именка, женски род
Пакет од повеќе кутии на цигари.
Германски: Stange Албански: shtangë, pako
Употреба: Разговорно
Примери:
На царината му одзедоа десет штангли цигари.

штека повеќе

мн. штеки
Вид збор: Именка, женски род
Пакет од кутии со цигари.
Примери:
Камионот беше полн со штеки со цигари.