stiffen - онтологија

вкочани повеќе

вкочанат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого или нешто да стане здрвен, стврднат, смрзнат, неподвижен, вкочанет.
Албански: shtangoj
Примери:
Големиот студ во ноќта беше го вкочанил пијаниот паднат во снегот.

вчекани повеќе

вчеканат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во неподвижна состојба.
Албански: mpak
Примери:
Го вчекани од ќотек.
(се вчекани) Изгуби подвижност, еластичност, се вкочани, се здрви.
Албански: mpak, mpiks
Примери:
Женава се вчекани на прозорчето и - тука остана.

дрвоса повеќе

дрвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
вкочани, здрви
Албански: rëndon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги дрвоса рацете.
(се дрвоса) Стане тврд како дрво; се здрви, се вкочани.
Албански: forcoj
Примери:
Се дрвосал од студот и од долгото чекање.

замре повеќе

замрат
Вид збор: Глагол, свршен
Премре, припадне од страв, возбуда и сл.
Албански: rëndohet
Примери:
Детето замре од страв.

здрвени повеќе

(се) здрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
(се здрвени) Се вкочани, стане неподвижен.
Албански: shtangoj
Примери:
Тој се здрвени од изненадување.

здрви повеќе

здрват
Вид збор: Глагол, свршен
Вкочани, направи некого неподвижен.
Албански: shtangoj
Примери:
Стоењето во место го здрви.
(се здрви) Стане вкочанет, неподвижен.
Албански: shtangohem
Примери:
Му се здрвија нозете од стоење.

кочи повеќе

кочат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кочи) Станува вкочанет; се стврднува губејќи ја подвижноста.
Употреба: Разговорно
Примери:
Му се кочи погледот.

опрчи повеќе

опрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Подигне, напрчи нос, уста, опашка.
Албански: ngren bisht
Употреба: Дијалектен збор
(се опрчи) испрчи
Албански: shtrihem

устрпне повеќе

устрпнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) здрви
Примери:
Раката устрпнала.