weep - онтологија

израсплаче повеќе

Види и: расплаче (св.)
израсплачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се израсплаче) Се расплаче силно.
Албански: qaj, lotoj
Примери:
Детето се израсплака на глас и со трчање отиде дома.

исплаче повеќе

Види и: плаче (несв.)
исплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Излее, преточи чувство во солзи.
Албански: qaj
Примери:
Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години.

реве повеќе

реват
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче многу силно, лелека.
Албански: qaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата реват, мајките коси кубат.