баждари

баждарат; баждарел; баждареле; баждарен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 47223
1. Проверува точност на мерите што се употребуваат во прометот, проверува исправност на инструментите со кои се мери.
Англиски: calibrate Албански: gradoj
Примери:
Еднаш годишно ги баждариме терезиите (вагите).
2. Наплатува парична такса.
Англиски: tax Албански: paguan
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој баждарел целиот свој живот
3. Врши службено мерење на големината и на можната носивост на брод според определениот систем на мерење.
Англиски: calibrate Албански: gradoj
Примери:
Само таа организација ги баждари бродовите во Солунското пристаниште.
Изведенки
баждарење ср.
глаг. им.