виза

мн. визи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4676
1. Дозвола од странска влада за престој, влез или за премин низ нејзината земја.
Англиски: visa Албански: vizë
Употреба: Дипломатија
Примери:
Влезна виза.
Транзитна виза.
2. Дозвола, согласност за нешто.
Англиски: permission Албански: vizë, leje
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој доби виза од менторот да ја брани својата дисертација.