дофрли

дофрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4310
1. Даде, подаде со фрлање.
Англиски: pass Албански: hedh, jep
Примери:
Му ја дофрли топката на соиграчот.
Му дофрли на кучето една коска.
2. Каже, упати по некој збор, обично непристојно.
Англиски: throw in Албански: hedh fjalë
Примери:
Му дофрли неколку зборови.
Изведенки
1. дофрла несв.
дофрлаат
2. дофрлање ср.
мн. дофрлања
глаг. им.
Пример: Ми се смачи од неговите дофрлања.
3. дофрлува несв.
дофрлуваат
4. дофрлување ср.
мн. дофрлувања
глаг. им.