ера

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3551
1. Долг период што се карактеризира со важни настани и кој се користи во историјата како основа за хронологија.
Англиски: period Албански: epokë, periudhë
Употреба: Историја
2. Време по раѓањето на Исус Христос од кое почнува броењето на годините кај христијаните.
Англиски: era Албански: epokë
Примери:
пред новата/нашата ера (пр. не. е.)
3. Во геологијата - најдолг временски отсек во хронолошкото делење на историјата на Земјата.
Англиски: era Албански: epokë
Примери:
камена ера