иден

идни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1125
Што ќе биде, што доаѓа; што ќе се случи во иднината.
Англиски: future Албански: i ardhshëm
Примери:
Идниот месец.
Ќе дојдам на идната средба.
Тоа е идниот зет.
За тоа ќе зборуваат идните поколенија.
Изрази
(грам.) Идно време - глаголско време што означува дејство што ќе се изврши по некој даден момент или по моментот на зборувањето.