инокосен

инокосни
Вид збор: Придавка
Ранг: 37090
1. Што нема доволно работна сила во домаќинството.
Англиски: alone
Примери:
Во инокосните семејства имало случаи при породувањето да помага и мажот.
2. Што не е член на задругата или колективот, што е самостоен.
Англиски: independent
Примери:
Тој праша како си дозволиле да закажуваат седница без да го повикаат него, инокосниот.
Изрази
Инокосен орган - самостоен орган, директор на претпријатие.