клопче

мн. клопчиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3273
1. Конец, предено намотано во топчеста форма.
Англиски: clew Албански: lëmsh i vogël
Примери:
Клопче преѓа.
Клопче волна.
Мало клопче конец за везење.
2. Што е cо форма на клопче, што личи на клопче.
Англиски: clew Албански: lëmsh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сончевите зраци cе просејуваа низ клопчињата чад.
Беа стиснати во клопче крај огнот.
Густи клопчиња дим фатија да излегуваат од прозорците.
Изрази
Одмота, одмотува (размота, размотува) клопче - разјасни некои факти, настани; сфати, разбере.
Изведенки
клопченце ср.
мн. клопченца
дем.