масовен

масовни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3347
Што е многуброен, што е во голем број, што е наменет за масите.
Англиски: mass
Примери:
Интернетот е најново средство за масовна комуникација.
Весникот се печатеше во масовен тираж.
Протестите беа масовни.
Изведенки
1. масовно прил.
Пример: Народот масовно одеше кон плоштадот.
2. масовност ж.