матица

мн. матици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10113
1. Целосно полово развиена пчела што несе јајца од кои се создава ново пчелно семејство.
Англиски: queen bee Албански: amzë
Употреба: Биологија
2. Средина на речното корито каде што водната струја е најсилна и каде што водата е најдлабока.
Албански: shtrat
Употреба: Географија
3. Земја на потекло, матична земја; средина од каде што потекнува нешто, извор на место.
Англиски: country of birth Албански: mëmëdhe
Употреба: Преносно значење
Примери:
Македонија е матица за сите иселеници.
4. Име на здруженија оcновани за да се негува националната култура.
Албански: enti
Примери:
Матица на иселениците.