накриво

Вид збор: Прилог
Ранг: 11812
1. Не право, настрането, накосо.
Англиски: oblique
Примери:
На ѕидот висеше малку накриво семејна фотографија.
Главата ја држеше накриво.
2. погрешно, неправилно
Англиски: false
Примери:
Што да кажеше, го сфаќаа накриво.
Рамото му зарасте накриво.
Светот е скроен накриво.
Изрази
Накриво насаден - што има незгоден карактер.