нашироко

Вид збор: Прилог
Ранг: 10668
1. Во широк круг, широко во дадена средина.
Англиски: widely
Примери:
Ова предание нашироко е познато кај нас и денеска.
Тој начин на производство нашироко се применува.
2. Опширно, во подробности.
Англиски: in detail
Примери:
Селаните нашироко се распрашуваа за нас и за нашите фамилии.
Нашироко им ги објаснуваше предностите на новата организација на работата.
Изрази
Надолго и нашироко - во подробности, со многу детали.