обеспокои

обеспокојат; обеспокој, обеспокојте; обеспокоив, обеспокоија; обеспокоил; обеспокоен; (ќе) обеспокоев, (ќе) обеспокоеја; (ќе) обеспокоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20682
1. Направи некој да биде неспокоен, вознемири некого.
Англиски: disturb Албански: shqetësoj
Примери:
Лаежот на кучињата ги обеспокои селаните.
Го обеспокои мислата за утрешната средба.
2. (се обеспокои) Стане неспокоен, вознемирен.
Англиски: disturb Албански: shqetësohem
Примери:
Тој се обеспокои од веста што ја чу.
Децата се обеспокоија од присуството на војниците.
Изведенки
1. обеспокојува несв.
(се) обеспокојуваат
2. обеспокојување ср.
глаг. им.