облагороди

облагородат; облагородил; облагороден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 21128
1. Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед.
Англиски: ennoble Албански: fisnikroj
Примери:
Мајчинството ја облагороди нејзината душа.
Таа ја облагороди неговата личност.
2. Подобри сорта, квалитет на растение, животно, материјал.
Англиски: refine Албански: përmirësoj, rafinoj
Примери:
Новиот агроном презеде акција да ги облагороди овошктите.
3. (се облагороди) Стане поблагороден, подобар во морален поглед.
Англиски: ennoble Албански: fisnikroj
Примери:
Тој се облагороди на стари години.
Изведенки
1. облагородува несв.
(се) облагородуваат
2. облагородување ср.
глаг. им.