оправдание

мн. оправданија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 11986
1. причина, основаност
Англиски: reason Албански: arsyetim
Употреба: Архаизам
Примери:
Се во светот си имаше свое место и свое оправдание.
Сега веќе немам никакво оправдание да го бранам.
2. Оправдување, образложение, доказ за некаква постапка.
Англиски: justification Албански: arsyetim, justifikim
Употреба: Архаизам
Примери:
Напразно бараше некакво оправдание за својата кривица.
Имав добро оправдание за мојата нерешителност.
Тој достави оправдание за своето отсуство.