опфати

опфатат; опфатил; опфатен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3315
1. Фати околу со раце, обгрне, прегрне нешто или некого.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Си ја опфати брадата со раката и молчеше.
2. Вклучи нешто или некого во составот на нешто.
Англиски: comprise Албански: përfshij
Примери:
Борбата ќе го опфати целиот народ во идното победоносно востание.
Cо работа треба да се опфатат cите што покажале готовност да се борат.
3. Фати со поглед или мисла.
Англиски: grasp Албански: ngërthej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во еден миг, со остар поглед опфати сѐ.
4. Обземе чувство, душевно преживување.
Англиски: seize Албански: kap, kaploj
Примери:
Ја опфати силна тага.
Ме опфати жал.
Ме опфати плач.
Изведенки
1. опфаќа несв.
опфаќаат
2. опфаќање ср.
глаг. им.