поднакрене

(се) поднакренат; поднакрени, поднакренете; поднакренав, поднакренаа; поднакренал; (ќе) поднакренев, (ќе) поднакренеа; (ќе) поднакренел
Вид збор: Глагол, свршен
Се накрене, се поврати, се соземе по болест или друга слабост; неуспех и сл.
Англиски: recover
Примери:
Паднал тешко болен, едвај се поднакренал по долгото лечење.
Беа многу западнати, сега се поднакренаа.