познајник

мн. познајници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10339
Лице што му е познато некому, што го знаеме.
Англиски: acquaintance
Примери:
Тој ми е познајник, не ми е другар или пријател.
познајници од работа
Изведенки
1. познајница ж.
мн. познајници
2. познајничка ж.
мн. познајнички