посада

мн. посади
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 16532
1. Воена единица сместена постојано или привремено во населено место или во тврдина.
Англиски: garrison Албански: ekuipazh
Употреба: Воен термин
2. Екипаж на брод, авион.
Англиски: crew Албански: ekuipazh
Употреба: Транспорт
Примери:
Посадата на авионот ви посакува добар лет.
За управување со бродот беше потребна голема посада.