постапи

постапат; постапил; (ќе) постапеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2735
Изврши некакво дејство на определен начин, направи некоја постапка.
Англиски: act
Примери:
Ако се појави негативен извештај по него постапува јавниот обвинител.
Тој постапи многу пријателски кон мене.
Тој не можеше да замисли да постапи поинаку.
Така ќе постапеше вистински спортист, дури и по цена да го изгуби натпреварот.
Изведенки
1. постапува несв.
постапуваат
2. постапување ср.
глаг. им.