првобитен

првобитниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 7335
1. Што се однесува на најстарите времиња, на првата, почетна епоха на човечката историја.
Англиски: prehistoric
Примери:
првобитен човек
првобитна заедница
2. Што претходи на сѐ друго, што е прв, почетен, основен.
Англиски: original
Примери:
првобитен план
првобитна состојба
првобитно значење
3. Што не е цивилизиран, што е прост, примитивен.
Англиски: primitive
Примери:
Првобитен степен на култура.
Првобитни услови за живот.
Изведенки
1. првобитно прил.
Што е почетно, пред нешто друго.
2. првобитност ж.