пречекори
пречекорат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4425
1.
Со чекорење премине преку нешто, престапи, опчекори.
Примери:
Го пречекори прагот на куќата.
Слично со:
престапи (св.)
2.
Помине дозволена граница, наруши одредени норми.
Примери:
Ја пречекори дозволената брзина.
Ги пречекори овластувањата.
Слично со:
премине (св.)
3.
зачекори, тргне
Англиски:
step
Албански:
nisem, bëj hap
За успешна работа, наутро пречекори со десна нога.
Слично со:
појде (св.)
Изведенки