придружен

придружни
Вид збор: Придавка
Ранг: 6881
1. Што е определен за придружба, што придружува некого или нешто; што е вклучен во состав на нешто.
Англиски: accompanying
Примери:
придружно возило
придружен коментар
придружна членка
придружна појава
придружен вод
придружен вокал
2. За писмо, документ - што се испраќа до некаде како дел од некаква целина.
Англиски: attached
Примери:
придружен материјал
придружно писмо