реагира

реагираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 3019
1. Одговори, одговара на некој начин на примените впечатоци, на надворешното дразнење.
Англиски: react Албански: reagoj
Примери:
Да видиме како реагира на светлина.
2. Пројави, пројавува свој однос кон нешто, се противстави, се противставува.
Англиски: react Албански: reagoj
Примери:
Што се не му прават, а тој сепак не реагира.
3. Стапи, стапува во хемиска реакција.
Англиски: react Албански: reagon
Употреба: Хемија
Примери:
Сулфурната киселина реагира со некои метали.