секне

секнат; секни, секнете; секнев, секнеа; секнел; секнет; секнејќи; секнав, секнаа; секнал; секнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 14280
1. Чисти нос со дување, со секнење.
Англиски: clean Албански: fryn hundën
Примери:
Жената ги бришеше солзите, го секнеше носот и продолжуваше да плаче.
Селанецот го брчка челото, го секне носот и воздивнува длабоко.
2. (се секне) Чисти нос со дување.
Англиски: blow Албански: fryn hundën
Примери:
Не смееш да се секнеш на улица.
Тој гласно се секнеше и не слушна кога влеговме.