срдечен

срдечни
Вид збор: Придавка
Ранг: 6688
1. За човек, за неговиот карактер - добар, мил, искрен, љубезен.
Англиски: cordial
Примери:
срдечни луѓе
срдечна девојка
2. Исполнет со добрина; искрен, кој иде од срцето; исполнет со искрени чувства.
Англиски: friendly
Употреба: Преносно значење
Примери:
Водеа срдечни разговори.
Срдечна средба на добри пријатели.
срдечна благодарност
срдечен прием
срдечен поздрав
срдечна смеа
срдечна песна