тас

мн. тасови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9331
1. Метален сад за црпење вода при капење и сл.
Англиски: bowl Турски: tas
2. Метален сад на кантар.
Англиски: cup
Примери:
На една страна тасот со овошјето, а во друга теговите.
3. Послужавник во кој се ставаат парични прилози во црква.
Англиски: collection
Употреба: Црковен термин
Примери:
По службата оставаа неколку парички во тасот.
4. Метален берберски сад.
Англиски: bowl
Примери:
тас со спуница
Изведенки
тасче ср.
мн. тасчиња