ученик

мн. ученици
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1314
1. Дете, момче, млад човек што оди и учи на училиште.
Англиски: pupil, student Албански: nxënës
Употреба: Образование
Примери:
Учениците од прилепската гимназија го посетија Охрид.
Ученик во (од) основно училиште.
2. Лице по однос на својот учител, по однос на оној што го учел нешто.
Англиски: student Албански: nxënës
Употреба: Образование
Примери:
Многумина од денешните највидни луѓе на градов се мои ученици.
3. следбеник
Англиски: disciple Албански: ndjekës, pasues
Примери:
Фројдови ученици
4. Оној што изучува занает.
Англиски: apprentice Албански: nxënës, çirak
Употреба: Образование
Примери:
ученици во стопанството
Изведенки
учениче ср.
мн. ученичиња
дем.