авторитет
мн. авторитети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2725
1.
(само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност.
Примери:
Авторитетот на родителите во фамилијата е неприкосновен.
Овој политичар веќе го изгуби својот авторитет.
2.
Лице со голем научен, морален, уметнички и друг углед.
Примери:
Тој е авторитет од областа на органската хемија.
Авторитети од земјата и странство присуствуваа на отворањето на конгресот.
Слично со:
експерт (м.)