адаптација
мн. адаптации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10997
1.
Преуредување, приспособување за определена функција.
Англиски:
adaptation
Албански:
adaptim
Зградата претрпе неколку адаптации.
Слично со:
приспособување (ср.)
2.
Приспособување кон определени животни услови кај живите организми.
Англиски:
adaptation
Албански:
adaptim
На рибите им беше потребна адаптација за новиот живот во аквариумот.
Пред да се качат на врвот, планинарите мораа да поминат низ адаптација заради намалената количина на кислород во воздухот.
3.
Приспособување на книжевно или музичко дело за изведба во друг медиум.
Англиски:
adaptation
Албански:
adaptim
Романот е нова адаптација за изведба на малиот екран.
Изведенки
1.
адаптационен прид.
адаптациониот
Пример: Адаптациониот период е различен.
адаптациониот
Пример: Адаптациониот период е различен.
2.
адаптациски прид.
адаптацискиот
Пример: Адаптацискиот процес заврши.
адаптацискиот
Пример: Адаптацискиот процес заврши.
3.
адаптивен прид.
адаптивниот
Пример: адаптивни мерки
адаптивниот
Пример: адаптивни мерки