а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

адвокат

мн. адвокати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2363
1. Лице кое професионално се занимава со адвокатура како дејност, чија основна функција е давање правна помош.
Англиски: lawyer Албански: avokat
Употреба: Правда
Примери:
Обвинетите ги застапуваше способен адвокат.
2. Бранител на некого во некаква расправија.
Англиски: defender Албански: avokat, mbrojtës
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Целиот живот изигрува нечиј адвокат.
Изрази
Дрвен адвокат - лице што се меша неповикано во некоја расправија.
Ѓаволов адвокат - оној што се залага за нешто лошо, за лоша работа.
Изведенки
1. адвокатка ж.
мн. адвокатки
2. адвокатски прид.
адвокатскиот
Пример: адвокатска канцеларија
3. адвокатче ср.
мн. адвокатчиња
дем. пејор.