адресант
мн. адресанти
Вид збор: Именка, машки род
1.
Испраќач на писмо, поштенска пратка или на порака.
Примери:
Адресантот беше непознат.
2.
Потписник на меница што повикува на исплаќање.
Примери:
Сметководителот е адресант на нашите меници.
3.
Испраќач на пораки, исказ, текст.
Примери:
Со анализата на текстот се определуваат адресантите.