а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ако

Вид збор: Сврзник
Ранг: 258
1. Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица.
Англиски: if
Примери:
Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот.
Ако учев, ќе научев.
Ако купев, ќе имав.
2. За означување услов во прашална реченица.
Англиски: if
Примери:
Ако ме сретнеш, што ќе правиш?
3. Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, со значење иако, макар што, при сѐ што.
Англиски: if
Употреба: Разговорно
Примери:
Ако е големџија, и тој од збор се разбира.
Ако е мал, голем јунак е.
4. Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, за означување сопоставеност на две дејства.
Англиски: if
Примери:
Ако пари немаме, барем љубов имаме.