а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

акробат

мн. акробати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13476
1. Артист во циркус, изведувач на гимнастички опасни подвизи со превртување и скокање во воздух.
Англиски: acrobat Албански: akrobat
Примери:
Лебдеше како недоволно обучен акробат по високо распната жица.
2. Снаодлив, итар човек.
Англиски: acrobat Албански: akrobat
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Изведенки
1. акробатка ж.
мн. акробатки
2. акробатски прид.
акробатскиот